Quantcast
Channel: Избори – IT.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 35

Стравот од хакери може да предизвика пребројување на гласовите во САД

$
0
0

Стравот од хакирана гласачка опрема и влијание на хакерите на изборите во САД, може да донесе пребројување на гласовите во неколку држави. Кандидатот на Зелената партија Џил Стајн најави дека ќе побара пребројување во три држави: Пенсилванија, Мичиген и Висконсин.

Првичните предупредувања јавно излегоа на почетокот на оваа недела. Тим безбедносни експерти предупреди дека машините за гласање имаат безбедносен пропуст. Покрај ова, нема наговестување, ниту некаков показател, дека имало влијание на изборните резултати.

„Пребројувањето на гласовите треба да биде стандарден дел од избирачкиот процес. Треба да биде рутина како кога доктор ги мие рацете.“, вели Рон Ривест, професор по криптографија и компјутерски науки на MIT.

Прв со предлогот за пребројување излезе професорот Алекс Халдерман од Универзитетот Мичиген. Г. Халдерман не само што предупреди од опасноста за хакирање на избрите туку презентираше можно сценарио, како тоа се случило.

„Најпрво пред изборите напаѓачот ќе побара пропусти во изборните алатки кои може да ги злоупотреби. Поблиску до изборите кога ќе знае кој држави се блиски, ќе зарази некои од машините со малициозен софтвер, ова ќе овозможи мала промена од неколку проценти. Софтверот ќе остане неактивен во периодот на предизборно тестирање;  ќе се активира дури на денот на изборите; и ќе се избрише веднаш по затворањето на гласачките места. Вешт хакер нема ни да остави траг од своето влијание.“, вели г. Халдерман на својот блог.

Единствен начин за обезбедување дека нема влијание на изборите е пребројување на гласовите на хартија. За жал ова е можно единствено на барање на некој од кандидатите, но дел од експертите бараат пребројувањето на гласовите да се воспостави како пракса на сите следни избори.

Во меѓувреме еден од кандидатите кој не е засегнат од резултатите на изборите Џил Стајн побара пребројување на гласовите. Таа преку crowdfunding побара средства за почеток на целиот процес. Досега за само неколку часа се собраа 2.5 милиони долари колку што беа потребни за почеток. Ова ќе обезбеди покренување на процес за оспорување на резултатите во Висконсин, Пенсилванија и Мичиген.

The post Стравот од хакери може да предизвика пребројување на гласовите во САД appeared first on IT.mk.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 35

Latest Images

МУРТИ И КУРТИ

МУРТИ И КУРТИ

Trending Articles





Latest Images

МУРТИ И КУРТИ

МУРТИ И КУРТИ